Во Куманово денеска започна традиционалната манифестација Детски ликовен камп „АСНОМ“ – Куманово 2026, која ќе се одржува од 22 до 24 јуни под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово.
Отворањето на 16-тото издание на ликовната колонија се одржа во ресторанот „Грација“, каде учество земаат 30 ученици од општинските основни училишта.

Учесниците се селектирани од наставниците по ликовна уметност од нивните матични училишта, а на кампот ќе творат и корисници на услугите од „Дневен центар“ и „Порака наша“.
Во текот на тридневната програма, младите уметници ќе работат во повеќе ликовни техники, меѓу кои сликарство, графика – монотипија и декорација на керамички садови.
Активностите ќе се реализираат под менторско водство на ликовните педагози Симона Јакимовска и Елена Спасовска Радошевиќ, ангажирани од Фондацијата за култура и спорт Куманово.

Целта на манифестацијата е да се поттикне креативноста кај младите, да се развиваат нивните ликовни вештини и да се создаде простор за дружење, соработка и размена на искуства меѓу учениците и учесниците.
Никола Ивановски

