Прва реакција на Индија на масовниот руски напад

Сподели со своите пријатели

Индија, една од геополитички најважните земји во светот, реагираше на утринава масовниот руски ракетен напад врз украинските градови.

Loading...

Индиското Министерство за надворешни работи изрази „длабока загриженост“ поради ескалацијата на конфликтот во Украина.

Портпаролот на министерството Ариндам Багчи рече дека Индија е „подготвена да ги поддржи сите напори за деескалација на конфликтот во наредните недели“.

„Повторуваме – ескалацијата на конфликтот не е во ничиј интерес. Повикуваме на итен прекин на непријателствата и враќање на патот на дипломатијата и дијалогот“, рече тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.