Протести против полициска бруталност и во Прилеп и Битола

Сподели со своите пријатели

Протестите против полициската бруталност се проширија и во Прилеп, но и во Битола, објавија медиумите. На социјалната мрежа Фејсбук, фан групата ”Стоп за полициска бруталност” објави фотографии од двата града каде попладнево се протестираше.

Loading...

Во Битола, демонстрантите тргна од фонтаната кај музејот, преку Широк сокак кон просториите на Министерството за внатрешни работи.

Како што јавува порталот 10без10, протестот во Прилеп започнал во мирна атмосфера, без никакви инциденти, бројни пароли и кренати раце.

Според најавите, протестите ќе продолжуваат секоја среда и сабота во 18 часот на истото место во центарот на Прилеп.

Leave a Reply