Протести на Нов Зеланд против ковид мерките

Сподели со своите пријатели

Околу 2.000 демонстранти незадоволни од владиниот одговор на пандемијата на коронавирусот се собраа денеска пред зградата на парламентот на Нов Зеланд, но не ја окупираа како пред шест месеци.

Loading...

Многу демонстранти рекоа дека немаат намера да останат, а полицијата се погрижи да не ги блокираат улиците со подигање барикади и забрана на демонстрантите да внесуваат предмети во областа околу парламентот.

Претходниот протест предизвика значителни нарушувања во главниот град и заврши со хаос, бидејќи демонстрантите запалија шатори и фрлаа камења врз полицијата.

Овој пат имаше и контрапротест, неколку стотици луѓе се собраа пред парламентот. Двете страни извикувале навреди, но редица полицајци физички ги разделиле.

Претходниот протест беше организиран поради задолжителната вакцинација против корона вирусот бидејќи владата на Нов Зеланд првично бараше да се вакцинираат здравствените работници, наставниците, полицајците, пожарникарите и војниците.

Владата оттогаш ги отстрани повеќето од тие обврски, со исклучок на здравствените работници и ги укина барањата за луѓето да се вакцинираат за да посетуваат продавници и барови.

На денешниот протест се собраа граѓани незадоволни од справувањето со кризата на владата и актуелните правила, вклучително и од барањето луѓето да носат маски во продавниците.

Властите соопштија дека на протестите немало насилство или други проблеми.

Loading...