Бил Гејтс: Не заслужувам толкаво богатство

Сподели со своите пријатели

Еден од најбогатите луѓе во светот, сопственкот на Мајкрософт Бил Гејтс, вели дека платил данок во износ од 10 милијарди долари, но додава дека тоа му е малку.

Loading...

Како што пренесува Дејли мејл, Гејтс вели дека ниту тоа, а ниту останатиот дел од светот „не го заслужуваат“ своето богатство. Тој смета дека данокот кој го плаќа е мал во однос на она што го има и дека не заслужува да биде толку богат. Бил Гејтс има 95,6 милијарди долари, а тој вели дека луѓето со толку пари, како него, му должат на севтот многу повеќе.

– Платив повеќе од десет милијарди долари данок, но требаше да платам повеќе повеќе отколку што го почитував законот, но мислам дека работите би требало да бидат многу попрогресивни, рекол тој.

Гејтс направи богатство благодарение на основањето на Мајкрософт во 1975 година, сега една од највредните компании во светот. Тој е еден од ретките милијардери кои ветиле дека поголемиот дел од богатството ќе го донираат во добротворни цели, пред да го дадат на децата (иако и ним им остава некој дел).

Со својата 53-годишна сопруга водат фондација Бил и Мелинда Гејтс, посветена на борбата против сиромаштијата и искоренувањето на тешките болести во сиромашните земји.

– Не го заслужувам своето богатство. Никој не го заслужува. Дојде благодарение на добар тајмин, среќа и луѓето со кои работев. Секако напорно работев и мислам дека софтверот навистина е корисна работа, но и јас минав добро. Не мислам дека давањето пари на моите деца би било добро за нив или општеството. Откако се ќе потрошам и оставам нешто за децата и за даноците, остокот од парите ќе одат во фондацијата. Мелинда и јас напорно работиме цело време за да бидеме сигурни дека парите ќе одат за оние на кои најмногу им требаат., додал тој.

Leave a Reply