Работен состанок на Отсекот за превенција и автопревозниците за поголема безбедност во јавниот превоз на патници

Сподели со своите пријатели

Денеска Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово одржа работен состанок со сите автопревозници од подрачјето кои вршат јавен превоз на патници на градски, Општински и Меѓународни линии, а со цел да се потсети и укаже на автобуските превозници за почитување на законските рамки и безбедно одвивањње на сообраќајот, исклучување на секој вид неправилности кои може да доведат до нескани последици по животот на патниците.

Состанокот е одржан во присуство на Државен инспектор за патишта и инфраструктура при Министрство за транспорт и врски Бојан Антиќ, раководителите Лидија Ланг Спасовска, Бобан Бојковски и надлежни инспектори за патен сообраќај од Општина Куманово, Ненад Илиевски и Дејан Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ѓорѓиевска: Куманово е наше наследство, наша одговорност, наша иднина

 

 

Укажано е за уредност на патни налози, список на патници, изводи од лиценци, лекарски уверенија, сертификати на возачи кои возат на меѓународни линии, техничка исправност на возилата, редовни технички прегледи, задолженија на возачи пред секое трнување, веднаш да се отстрануваат забележани и најмали дефекти, качување и симнување на патници во градско подрачје како и оние кои тргнуваат на меѓународни линии, издавање возни билети, фисклни сметки, кодекс на облекување на самите возачи, хигиена во автобуси, пријавување на возачи односно  и  да не се ангажираат хонорарно лица кои не се во редовен работен однос, и др  а кое е потребо за безбдно вршење превоз на патници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Да ја претвориме слободата во можности, напредок, достоинствен живот и подобра иднина

 

 

Од страна на началникот на Отсекот за превенција м-р Лиле Младеновска и Државеен инспектор за инфраструктура и патишта при Министерството за транспорт и врски Бојан Антиќ, е истакнато дека во иднина ќе се вршат контроли и нема да има толеранција за секоја констатирана неправилност или дефеткти, се со цел да се исклучат сообраќајни несреќи на патишта и безбедно вршење превоз на патници.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово и Источно Сараево потпишаа меморандум за збратимување (ВИДЕО)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски