Петгодишното момче Азам од Сирија на кого му се изгуби секаква трага по престојот во Белград е пронајден, и неговата приказна ќе биде емитувана во утрешниот магазин на ББС. Потрагата по Азам доби светски размери откако ББС објави дека тој исчезнал после престојувањето во Белград, каде му беше пружена прва помош поради фрактура на вилицата.
Хештагот #FindAzam беше употребен повеќе од 30 000 пати на Твитер, а потрагата се прошири и на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм каде обичните луѓе и активисти се обидуваа да го пронајдат малиот Азам.
Good news. @johnsweeneyroar found Azam! Here he is a few mins ago. Full story on #newsnight on Thursday #FindAzampic.twitter.com/DuYLgNEvpW
— BBC Newsnight (@BBCNewsnight) October 27, 2015
Како што претходно објави МУП на Србија, Азам во Белград добил прва помош во Ургентниот центар на ул. Тиршова, откако докторите на терен забележале дека тој има повреди на окото и на вилицата, од каде заминува на пат за Западна Европа.
We covered 1200 miles to #FindAzam and here he is. #AzamFound with @johnsweeneyroar for @BBCNewsnight @BBCNews pic.twitter.com/usdGRzsODk
— adam patterson (@adamwpatterson) October 28, 2015
Азам со придружник влегол во Србија на преминот во Прешево, стигнал во Белград, а потоа влегол во Хрватска и наводно бргу стасал во Германија. Тој патувал со маж кој носи исто презиме како и Азам, но не е потврдено дали тој му е татко или како што беше објавено, чичко на малото момче.
ББС го следеше овој случај со посебно внимание, а на Твитер, доцна синоќа ББС објави дека Азам е пронајден и се чувстува добро.