Пронајдена најмалата коска на античките предци: Фрагменти стари 700.000 години

Сподели со своите пријатели

Фосилизирани фрагменти од хумер долг 88 милиметри, стари околу 700.000 години, пронајдени се на островот Флорес во Индонезија.

Loading...

Тие ја претставуваат најмалата коска на екстремитетите на предците на хомо сапиенсот и припаѓаат на изумрениот вид Homo floresiensis, наречен „Хобити“, објавија научниците.

Фрагменти од коски беа откриени во Мата Менге на островот Флорес, а фосилот ја откри мистеријата за потеклото на видот Homo floresiensis, наречен „Хобити“, пренесе Ројтерс.

Научниците заклучиле дека припадникот на тој вид е висок околу еден метар и дека потекнува од хомо еректус, кој потекнува од Африка и се проширил во другите делови на светот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто жените со жолта боја на коса ги викаме „плавуши“? (ВИДЕО)

Водечкиот автор на студијата е професорот по палеоантропологија на Универзитетот во Токио, Јосуке Каифу, кој рече дека намалувањето на телесната висина на Homo floresiensis во споредба со хомо еректус веројатно се должи на периодични недостиг на храна.

Студијата е објавена во списанието Nature Communications.