Промовирана монографијата „75 години Театар Куманово“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вчеравечер беше одбележана 75-годишнината од формирањето на Театар Куманово, а за тој повод беше промовирана и монографија.

Loading...

 

 

Автори на монографијата се Кети Дончевска-Илиќ, Симона Тоскиќ, Сашо Костовски и Зоран Зафировски.

 

 

Loading...

Директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски вели дека како институција се горди на сите 75 години и тоа е еден преубав јубилеј.

– Преубав настан и монографија која се подготвуваше скоро година и пол од колегите во Театар Куманово и навистина оваа публика вечерва покажува дека на Куманово му е потребен театар, публиката сака театар и навистниа сме сигурни дека во периодот кој следи зградата на Театар Куманово ќе се реконструира и ќе можеме таму да уживаме во тековните претстави, изјави Тодоровски.

 

 

Актерката и автор на монографијата Кети Дончевска Илиќ вели дека за Театар Куманово многу може да се каже, а многу и може да се прочита во самата монографија.

– За нас ова секако беше едно патешествие. За мене како актер ставен во улога на забележувач на еден период, претставуваше особен предизвик, ми беше задоволство затоа што се обидовме и потрудивме и мислам дека успеавме да ги ставиме во една книга и да ги заштитиме од заборав голем дел на претставите на Театар Куманово кои се случувале овде во изминатите 75 години, а кои некако беа расфрлани низ архивите по некакви кутии, записи и текстови, вели Дончевска Илиќ.

 

Loading...

 

Актерката вели дека голема болка е што театарот се реновира веќе три години, но кога копате низ архивите сфаќате дека уште од самиот почеток Театар Куманово постојано е во некој предизвик.

– Постојано некој таму кој е политичка партија, гарнитура, на одлучувачките места, не секогаш имал разбирање и не е тоа случај само сега, низ целиве 75 години тоа се случувало и сега да не речам дека тоа малку ме релаксираше, напротив, тоа предизвикува уште поголема борба за понатаму Театар Куманово да си го заземе своето место, додава таа.

 

 

Инаку Театар Куманово е основан во далечната 1961 година.

Loading...

Во тек е долгогодишна реконструкција на објектот кој беше во многу лоши услови, но засега е неизвесно кога тоа ќе заврши.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски