Прогнозите за глобалната економија веќе не се толку лоши

Сподели со своите пријатели

Прогнозите за глобалната економија веќе не се толку лоши, изјави извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

Loading...

Таа изјави дека американската економија најверојатно ќе избегне рецесија, додека Кина ги укина строгите мерки за борба против Ковид.

„Проценките за оваа година не се толку лоши, но не се ниту добри“, рече Георгиева, пренесува SEEbiz.

Според неа, пазарите имаат причина за зголемен оптимизам, бидејќи конечно гледаат дека американската економија најверојатно ќе избегне рецесија, дека Кина се отвора и дека кинеските потрошувачи брзаат да ги трошат парите што ги заштедиле за време на пандемијата и заклучувањето.

Позитивната страна е тоа што пазарите на труд во САД и Европската унија (ЕУ) се отпорни. Тука е и отворањето на Кина и изненадувачки добрите резултати на централните банки кои ги заострија условите за финансирање, како и фактот дека инфлацијата конечно слабее.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.