Вчерашното невреме поплави подруми на повеќе локации низ Куманово

Сподели со своите пријатели

По обилните врнежи од дожд кои вчера попладне го зафатија Куманово, на повеќе локации е евидентирано навлегување на вода во станбени и деловни објекти, при што е причинета материјална штета.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, подрумски прстории кои се користат за живеење биле поплавени на улицата „Моша Пијаде“, при што е причинета материјална штета.

 

 

На булеварот „Октомвриска револуција“ кај НЛБ Банка било пријавено навлегување на вода во подрумски простории, исто како и на улицата „Бајрам Шабани“.

Вода од околу еден метар поплавила објект лоциран на булеварот „Трета МУБ“, а навлегување на вода во простории било пријавено и на улиците „Веселин Маслеша“, „Гоце Делчев“, „11 Октомври“ и „Рим Париз“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишна кумановка ќе се гони за питачење

 

 

– Екипите на ТППЕ Куманово, ЈП „Чистота и Зеленило“, ЈП „Водовод“, ЈКП Куманово, ЦИК Куманово и ЕВН извршија испумпување на водата, расчистување на погодените локации и ги презедоа сите неопходни мерки за нормализирање на состојбата, велат од Центарот за управување со кризи.

 

 

Како што додаваат состојбата на терен во моментов е стабилна, а надлежните екипи ќе продолжат да ја следат.

Никола Ивановски