Прогласени најдобрите просветни работници во Куманово за 2026 година (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Занаетчискиот дом во Куманово вчеравечер беа врачени признанија на најдобрите просветни работници во градот за 2026 година.

Во организација на Здружението на просветни работници, на настанот најпрвин беа доделени признанија на ученици и наставници за учество на натпреварот во чест на Свети Кирил и Методиј – „Од азбука до алгоритам – приказни што живеат“.

 

 

Потоа следуваше прогласувањето на најдобрите просветни работници.

Во категоријата А – одделенска настава, за најдобар просветен работник признание и беше врачено на Ирена Анастасовска од ООУ „Кочо Рацин“.

 

 

Дафина Јосимовска од ООУ „Браќа Миладиновци”  е прогласена за најдобра во Б категорија- предметна настава!

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маси и столови украдени од угостителски објект во Куманово

 

 

Од средните училишта признанието оваа година ѝ беше врачено на наставничката Елена Марковска од СОУ Гимназија „Гоце Делчев”.

 

 

Постхумно признанија добија и наставниците Слаѓан Станковиќ – Битрак и Лидија Николовска Георгиевска за трајни вредности во просветителската дејност.

 

 

Настанот беше збогатен и со културно-уметничка програма на учениците и наставниците.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски