Прогласена глобална тревога поради еболата во Конго

Сподели со своите пријатели

Ширењето на ебола во Демократска Република Конго е глобална здравствена вонредна ситуација, објави Светската здравствена организација (СЗО), само неколку дена откако епидемијата за прв пат се проширила на голем урбан центар.

Loading...

До оваа објава дошло по состанокот на Комитетот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација во швајцарска Женева во среда.

– Ова е мерка која истакнува можно зголемување на националните и регионални ризици и потребата за интензивирана и координирана акција за да се носат со нв, објави СЗО на Твитер.

Агенцијата на ООН исто така соопшти дека ниту една земја не би требало да ги затвори своите граници ниту да воведе ограничувања за патувања или трговија поради еболата.

Смртоносната болест е многу заразна и се шири со телесните течности.

Во актуелната епидемија од ебола починале 1.676 лица, што е повеќе од две третини од оние кои се заразиле со овој вирус, откако се појави во август 2018 година.

Leave a Reply