Продолжуваат жестоките напади врз градот Попасна

Сподели со своите пријатели

Гранатирањето на градот Попасна во источниот украински регион Луганск продолжува, се наведува во извештајот на украинската армија.

Loading...

Ова е дел од плановите на Русија за продолжување на офанзивата врз градовите Рубижне и Нижни, северно и јужно од градот Северен Доњецк во областа Луганск, соопшти украинскиот Генералштаб.

 

Претседателот на Полска: Русите сакаат да ја изгаснат украинската нација, тоа е геноцид

 

Од штабот се наведува дека во Новотошкивск, исто така во областа Луганск, руските војници „неуспешно“ се обиделе да ги пробијат украинските одбранбени линии.

Насилството врз цивилите беше извршено во областите окупирани од руските сили, а руските трупи извршија „присилно преместување“ на населението на Мариупол во делови од руската окупирана област Доњецк, се вели во извештајот.

Оваа информација не може да се потврди независно.

Loading...

 

Претседателот на Полска: Русите сакаат да ја изгаснат украинската нација, тоа е геноцид

 

Градоначалникот вели дека луѓето не треба да го напуштат Харков

Во меѓувреме, градоначалникот на Харков одговори на повиците на вицепремиерката Ирина Верешчук жителите на источна Украина да бегаат пред очекуваната нова руска офанзива.

Ихор Терехов рече дека во овој момент ниту тој, ниту армијата не размислуваат за потребата од масовна евакуација од вториот по големина град во земјата, туку дека повикот за евакуација се однесува на областите Лосова и Барвинкова во областа Харков. Областите се јужно од Харков во близина на Донбас.

Самиот град Харков е добро опремен и подготвен за одбрана, рече тој, додавајќи дека секој поединец треба да одлучи дали ќе го напушти со оглед на тековното гранатирање.

 

Loading...

Патики од 50 долари и маслинесто зелени нијанси – изгледот на Володомир Зеленски не е случаен

 

Харков пред војната имал околу 1,5 милиони жители.

Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Таа се соочува со силен украински отпор и сега ги преместува своите трупи на истокот на земјата бидејќи изгледа дека се подготвува за нова офанзива.