Белгија усвои закон што ѝ дозволува на полицијата да ги претресува домовите на одбиените баратели на азил

Сподели со своите пријатели

Белгискиот парламент утрово, и покрај противењето на организациите за човекови права и адвокатите, усвои закон што ѝ дозволува на полицијата да ги претресува домовите на барателите на азил кои ги игнорирале наредбите да ја напуштат земјата и се сметаат за закана за јавната безбедност.

Законот беше усвоен со мнозинство гласови околу 5:00 часот наутро, по целовечерна дебата, и е дел од пошироката иницијатива на владата на премиерот Барт де Вевер за ограничување на миграцијата и зголемување на депортациите, објави Ројтерс.

Претресот бара одобрение од истражниот судија и може да се спроведе само помеѓу пет и девет часот наутро, во присуство на службеници за имиграција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ким Џонг Ун спроведува промени во врвот на државата, еден од лидерите на парламентот е отстранет

Организациите за човекови права и адвокатите предупредија дека законот може да ги загрози уставните права и приватноста.

Амнести интернешнл ги повика пратениците да го отфрлат, предупредувајќи дека може да влијае и на луѓето кои им помагаат на мигрантите без регуларен статус.

Пред гласањето, околу 3.000 луѓе формираа „човечки синџир“ околу Палатата на правдата во Брисел, додека низ целата земја се одржаа повеќе од 50 други демонстрации и собири, јавува Танјуг.