Ребека Гринспен води во трката за генерален секретар на ОН

Сподели со своите пријатели

Поранешната потпретседателка на Костарика, Ребека Гринспен, го зголеми своето водство во трката за генерален секретар на Обединетите нации, освојувајќи 12 од 15 гласа во осмиот круг неформално гласање во Советот за безбедност на ОН, според извори блиски до процесот.

Гринспен доби 12 гласа „за“ и три „против“, што е нејзин најдобар резултат во осумте круга гласање одржани зад затворени врати, како дел од изборот на наследник на Антонио Гутереш, чиј втор петгодишен мандат истекува оваа година, објави Ројтерс.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, го освои второто место со девет гласа „за“, додека амбасадорката на Гвајана во ОН, Керолин Родригез-Биркет, беше трета со осум гласа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Големи протести во Франција: 575.000 демонстранти на улиците, штрајкот ги парализираше училиштата и железниците

Дипломатот од Обединетите Арапски Емирати Лана Нусеибех повторно го освои четвртото место со седум гласа „за“, шест „против“ и две воздржани.

Препораката на Советот за безбедност бара најмалку девет гласа „за“ и ниту еден глас „против“ од петте постојани членки – Франција, Велика Британија, САД, Русија и Кина.

Гласањето не покажа како гласале постојаните членки.

Според традицијата, функцијата генерален секретар на ОН сега е отворена за кандидат од Латинска Америка, а во повеќе од 80 години историја на организацијата, никогаш не била предводена од жена.