Проблеми во рајот? Трамп сподели видео „Нетанјаху е кучкин син“

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп е постојано активен на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Loading...

Така, во средата, тој сподели видео во кое познатиот економист и аналитичар Џефри Сакс го нарекува израелскиот премиер мрачен кучкин син.

Покрај историските и блиски односи, оваа објава беше и шокантна бидејќи Нетанјаху неодамна изјави дека ги дели истите ставови со Трамп за Сирија, пишува Гардијан.

Во видео клип од интервју со Унијата на Кембриџ, Сакс го обвини Нетанјаху за манипулирање на американската надворешна политика и оркестрирање бескрајни војни на Блискиот Исток.

– Нетанјаху од 1995 година има теорија дека Хамас и Хезболах можат да бидат поразени само ако САД ги соборат режимите на Блискиот Исток. Овие режими се во Ирак, Сирија и Иран. Тој е тотално опседнат и до ден денес не принудува да се бориме со Иран. Тој е мрачен кучкин син, се извинувам – беше остар во разговорот Сакс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наводниот водач на Јакуза призна дека шверцувал нуклеарен материјал од Мјанмар

Економистот додаде дека Нетанјаху има неверојатно влијание во највисоките американски политички и воени кругови поради силното израелско лоби во САД.

Не е јасно дали Трамп го објави видеото за да го критикува Нетанјаху или да ја оцрни Демократската партија, чиј член беше и Обама.

Трамп го објави видеото во време кога Египет, Катар и Блинкен работат прекувремено за да ја запрат војната во Газа во која загинаа повеќе од 45.000 луѓе, главно цивили.

Loading...

Неодамна во Израел повторно избија протести против Нетанјаху поради доцнењето на договорот за заложниците.

Операција Timber Sycamore

Во видеото, Сакс зборува за операција со кодно име „Timber Sycamore“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маск повторно се меша во европската политика, „на мета“ Британија

Тоа беше тајна операција преземена од американски, британски и некои арапски тајни служби помеѓу 2012 и 2013 година за време на мандатот на Барак Обама.

Целта на операцијата беше да се собори Асад, чиј режим беше сериозно потресен за време на „арапската пролет“.

Операцијата, тајно одобрена од Обама, беше жестоко критикувана.

Противниците на Обама, но и сојузниците, го истакнаа фактот дека оружјето што ЦИА го испратила за операцијата завршило на црниот пазар и станало достапно за различни терористички групи.

Особено критикуван беше фактот што за време на оваа операција САД ги поддржаа борците кои се бореа со Ал Каеда и Ал Нусра, кои подоцна се трансформираа во Хајат Тахрир ал-Шам, кој неодамна стана глобално познат по соборувањето на Асад од Сирија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мексиканската претседателка до Трамп: Да ја преименуваме Северна Америка во „Мексиканска Америка“?