Две лица од Куманово биле приведени вчера едниот оти бил затекнал како го напаѓа другиот, кој претходно пак се заканувал.
Loading...
– На 01.04.2024 во 16.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле М.М.(32) од Куманово затоа што бил затекнат како физички го напаѓа Д.П.(29) од Куманово, инфомираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, подоцна, од слобода бил лишен и Д.П. затоа што претходно било пријавено дека му се заканувал на М.М..
– По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.
Никола Ивановски