Приведени двајца. Краделе железо од фабрика во Куманово!

Сподели со своите пријатели

Две лица биле приведени вчера во Куманово под сомнение дека украле поголема количина железо од фабрика во Куманово.

Loading...

– На 19.03.2025 година во 16.20 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.С. (33) од село Бузалково, велешко и Ќ.С. (41) од село Арачиново, скопско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие се сомничат дека од дворно место на фабрика во Куманово одзеле поголема количина на железо.

И.С. и Ќ.С. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец загина при експлозија на плинска боца

Никола Ивановски