Приведени четворица кумановци, нападнале 18-годишник

Сподели со своите пријатели

Четири лица од Куманово биле приведени викендов под сомнение дека физички нападнале 18-годишник.

Loading...

– На 18.01.2025 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.И.(30), В.И.(49), А.И.(29) и Л.И.(26), сите од Куманово , затоа што на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово физички го нападнале Н.П.(18) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите ќе растат