Педесет и шестгодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека бил агресивен и со остар предмет се заканувал на неговата сопруга.
– На 22.09.2026 во 19:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.И.(56) од с.Биљановце, кумановско, затоа што агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неговата сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

