Приведена 30-годишна кумановка, возела мотор без дозвола

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишна кумановка била приведена откако полицијата констатирала дека управувала мотор без возачка дозвола.

– На 31.05.2026 во 14:20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода Х.А.(30) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при сообраќајна контрола на улица „11 Октомври“ во Куманово, полициски службеници запреле мопед со кумановски регистарски ознаки, кој го управувала без положен возачки испит.

– По насоки на јавен обвинител таа била приведена во полициска станица, а мопедот бил одземен, велат од полицијата.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот против Х.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска делови од населбата Карпош

Никола Ивановски