Без струја денеска делови од населбата Карпош

Сподели со своите пријатели

Делови од населбата Карпош во Куманово денеска привремено ќе бидат без напојување со електрична енергија.

Како што  информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:40 до 13:30 часот прекини ќе има на улицата „100“, стариот Паланечки пат, како и месноста викана Бара и сите улици и објекти кои гравитираат кон улицата „100“.

Во истиот период прекини ќе има и на улицата „1“ во населбата, односно Никуљски пат и сите улици кои гравитираат кон оваа улица.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Топло, но со услови за нестабилност