Дваесет и шестгодишен кумановец бил приведен по пријава дека физички ја нападнал ќерката на неговата вонбрачна сопруга.
– На 31.05.2026 во 23:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.М.(26) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа во Куманово физички ја нападнал 16-годишната ќерка на неговата вонбрачна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

