Педесет и четиригодишен кумановец бил приведен откако полицијата констатирала дека возел под дејство на 2,30 промили алкохол.
– На 16.10.2026 во 23:02 часот на магистрален пат А2 полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Ј. (54) од село Клечовце, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај било запрено патничко моторно возило „шаран“ со кумановски регистарски ознаки при што било утврдено дека возилото го управува под дејство на алкохол односно му биле измерени 2,30 промили.
– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

