Времето денеска низ Македонија ќе бид есончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.
Максималните температури ќе се движат од интервал од 16 до 23 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и пријатно време за овој период од годината.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи околу третиот степен, додека максималната дневна се очекува да достигне 20 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме исто така сончево и топло време, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 6 степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне 21 степен целзиусов.
Во среда ќе се задржи претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен јужен ветер, а температурите ќе се движат во интервал до минимални 10 до максимални 21 степен целзиусов.
Четврток носи променливо време, со услови за сонце, но и за дожд и грмотевици. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне до 21 степен целзиусов.

Во петок ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 4 до максимални 16 степени целзиусови.
Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме и во сабота. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу осум степени, а максимумот ќе достигне 18 степени целзиусови. Ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд.
Недела носи претежно облачно време со врнежи од дожд, но и услови за сосема кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец, а температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 17 степени целзиусови.

Слично време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски

