Шеесет и седумгодишник од липковско се здобил со тешки повреди откако викендов во него удрило „бмв“ на регионалниот пат Куманово – Липково.
– На 17.10.2026 околу 06:05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Куманово-Липково, во село Оризари, Општина Липково, се случила сообраќајна незгода каде патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.Р. (35) од село Липково удрило во пешакот Д.Д. ( 67) од село Оризари, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Во незгодата, како што појаснуваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот Д.Д. и истиот бил пренесен во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје.
– Увид извршила екипа од СВР Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Никола Ивановски

