Педесетгодишен кумановец бил приведен по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга.
– На 16.10.2026 во 17:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.А.(50) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

