Приведен кумановец кој сечел и товарел дрва без документација

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишник од кумановско бил приведен откако бил затекнат како сече и товара дрва за кои немал документација.

– На 05.08.2026 во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С.(40) од село Орашац, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил затекнат во село Орашац како сече и товари дрва за кои нема соодветна документација.

– И.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три лица натепале и ограбиле кумановец