Приведен кумановец кој физички го нападнал својот татко

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишен кумановец бил приведен вчера по пријава дека физички го нападнал својот татко.

Loading...

– На 15.12.2024 во 19.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.И.(29) од кумановско село затоа што физички го нападнал неговиот татко, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Раст на температурите, па снег