Приведен криумчар во кумановско, пронајдени 12 мигранти од Сирија

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригдишник бил приведен вчера во близина на кумановското село Костурник во обид да швеерцува 12 мигранти од Сирија.

Loading...

– На 13.10.2023 околу 17.00 часот во близина на с.Костурник, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го лишиле од слобода Б.М.(23) од с.Вртекица, општина Студеничани, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во возилото „фолксваген бора“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти од Сирија, од кои четири малолетници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четворица цивили загинати при гранатирањето на Алепо од бунтовниците

– Околу 16.35 во близина на наплатната станица Романовце кај Куманово, полициските службеници дале знак за запирање на возилото, но возилото продолжило со движење, додаваат од МВР.

Во близина на село Костурник возилото било запрено, по што Б.М. се обидел да избега, но веднаш бил фатен и лишен од слобода. Б.М и мигрантите биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски