Триесет и петгодишен кумановец викендов бил приведен во Куманово откако полицијата констатирала дека возел со 1,66 промили алкохол.
– На 09.08.2026 во 00:15 часот на улица „Тоде Думба“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.С.(35) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај, полициски службеници сопреле возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било утврдено дека Д.С. го управува под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,66 промили алкохол во крвта.
– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

