Двајца тешко повредени при судир на „пасат“ и „сеат леон“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при судир на „пасат“ и „сеат леон“ на локалниот пат Куманово – село Пчиња.

– На 08.08.2026 околу 16:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат Куманово-село Пчиња, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.З.(50) од Куманово и патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(33) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот Ј.А. и сопатничката од неговото возило  М.Н.(30) од Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Продолжува топлотниот бран

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски