Дваесет и шестгодишен кумановец бил приведен вчеравечер поради агресивно однесување кон полициски службеници.
Loading...
– На 30.10.2024 во 20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Д. (26) од Куманово, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници при извршување на службени дејства, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од кумановската полиција, Д.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски