Приведен 15-годишник од Куманово кој извршил низа кражби

Сподели со своите пријатели

Петнаесетгодишник од Куманово бил приведен вчера под сомнение дека извршил неколку кражби во градот.

– На 30.06.2026 во 09:45 часот полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 15- годишник од Куманово, поради сомнение дека на подрачјето на Куманово извршил кривични дела тешки кражби и кражби, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случаите, против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен возач од Куманово поради фалсификувана хрватска возачка дозвола