Началникот на Петтата управа на Управата за Бебзедност и контраразузнавање, Горан Грујовски вчера доби притов во времетраење од 30 дена, откако Специјалното јавно обвинителство го стави како првоосомничен во најновиот предмет „Тврдина“.
Според СЈО, Грујовски заедно со уште четири лица се осомничени дека уништувале системи за следење во Министерството за внатрешни работи и тоа веднаш откако опозицијата започна со објавувањето на бомбите.
По денешното сослушување на осомничениот кој самиот се јави во судот, а во присутво на негов бранител и обвинител од наведеното обвинителство, донесе одлука со која го прифати предлогот на обвинителството за определување на мерка 30 дневен притвор. На оваа одлука на судијата на преходна постапка, странките имаат право на жалба во рок од 24 часа“, соопштија вчеравечер од Основниот суд Скопје 1.
Со полициско обезбедување Грујоски веднаш од судот е прегрлен во истражниот затвор во Шутка, а освен него осомничени во случајот се и уште еден началник и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, но за низв не е изречена мерка притвор, туку е побарана мерка претпазливост, односно одземање на патните исправи.