Припадник на ИД осуден на доживотен затвор во САД

Сподели со своите пријатели

Американски федерален судија осуди член Исламската држава односно ќелијата позната како „Битлси“ на доживотен затвор.

Loading...

Тој е осуден поради неговата вмешаност во заговор за земање заложници што довело до убиство на американски новинари и хуманитарни работници во Сирија.

Судија на Окружниот суд во Александрија, Вирџинија, во присуство на семејството и пријателите на четворицата убиени Американци и други заложници, го осуди 34-годишниот Ел Шафи Елшеик на доживотен без помилување.

Поротата во април заклучи дека поранешниот британски државјанин бил дел од ќелијата на Исламската држава која егзекутирала американски заложници во областите на Блискиот Исток што ги контролирала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Тој беше прогласен за виновен по четири точки од обвинението за земање заложници и четири точки од обвинението за заговор.

Тој беше осуден на осум последователни доживотни затворски казни.