Мистерија во Чернобил: Радиоактивни „ѕверови“ шетаат низ шумите (видео)

Сподели со своите пријатели

Неодамнешните научни истражувања забележале дека „заздравувањето“ на живиот свет на подрачјето на катаклизмата во Чернобил нагло се подобрува, но научниците се уште не можат да објаснат зошто сето ова се случува.

Loading...

Од нуклеарната катастрофа поминаа 30 години, а целото подрачје е напуштено, додека населението од околните градови се раселени и не е дозволено нивно враќање.

И покрај многуте студии кои ги истражуваат еколошките последици од катастрофата, научната јавност се уште не донела концензус за тоа во која мерка несреќата влијаела на животинскиот свет и вегетација на оваа подрачје.

Првобитниот извештај вели дека на таа територија имало многу настрадани животни и растенија.

Сепак, неодамнешните истражувања покажаа сосема нешто друго. Бројот на животинските единки нагло пораснал. Во околината на електраната има поставено 42 камери кои покажуваат дека подрачјето е населено со диви животни и дека повеќе наликува на природен резерват отколку на место каде се случи најголемата нуклеарна катастрофа во историјата на земјата.

Многу е можно бројот на животни сега да е поголем отколку пред катастрофата – вели Џим Смит, истражувач од факултетот во Портсмоут.

Тој додава дека оваа не значи дека радијацијата е добра за животните.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.