Приходите на Airbnb надминаа милијарда долари

Сподели со своите пријатели

Платформата за изнајмување на станбени простори Airbnb известува дека приходите од второто тримесечје  по втор пат од основањето надминуваат 1 милијарда американски долари.

Loading...

Прв пат тоа се случи во третиот квартал од минатата година.

Податоците за профитабилност за вториот квартал не беа објавени, ниту пак вкупните годишни приходи во 2018 година.

Ројтерс објави дека приходот на „Ербнб“ се зголемил за 50 проценти во 2017 година, надминувајќи 2,5 милијарди американски долари. Претходно, компанијата соопшти дека тие имаат позитивен резултат во 2017 и 2018 година пред EBITDA, без да ги наведат точните износи.

Во најновиот извештај, тие рекоа дека до 15-ти септември регистрирале повеќе од 80 милијарди американски долари за споделување станбен простор преку апликацијата.

До 1 јуни биле собрани над 1,6 милијарди американски долари туристички даноци, а во меѓувреме бројот на огласи за изнајмување на станбен имот во повеќе од 100.000 градови низ светот надмина седум милиони, велат од компанијата.

Leave a Reply