Приднестровие воведува ограничувања за потрошувачката на гас

Сподели со своите пријатели

Отцепениот молдавски регион Приднестровие објави денеска вонредни мерки за ограничување на потрошувачката на гас поради загриженоста дека руската државна гасна компанија Газпром ќе го намали снабдувањето, пренесува Ројтерс.

Loading...

Советот за безбедност на Приднестровие соопшти дека ги договорил мерките на состанокот одржан во четвртокот, на кој беше речено дека дефицитот на гас во регионот во октомври изнесувал 36,9 милиони кубни метри.

Молдавија, една од најсиромашните земји во Европа, се потпира на рускиот гас и е тешко погодена од зголемените цени на гасот по руската инвазија на Украина.

Се воведуваат ограничувања на обемот на потрошувачка на гас за индустриските компании.

„За намалување на потрошувачката ќе придонесе и помалиот обем на испорака на гас во молдавската термоцентрала ГРЕС“, се наведува во соопштението.

Водачите на Приднестровие велат дека Гаспром ги информирал дека во ноември ќе го намали снабдувањето за 40 отсто.

Прозападната влада на Молдавија ја поддржа Украина во нејзината војна против Русија и е загрижена за стабилноста во Приднестровие, непризнаен отцепен регион каде се стационирани руски војници, наведува британската агенција. Вадим Чебан, кој ја предводи молдавската компанија за природен гас Молдовагаз, вчера изјави дека компанијата платила 53,5 милиони долари

Гаспром да ја подмири сметката за септемвриската испорака на гас и дека платил аванс од 27,4 милиони долари за испорака во октомври.

Loading...

Тој денеска на мрежата за пораки Телеграм изрази загриженост за високото ниво на долг за гас на молдавските домаќинства и бизниси.

Чебан додаде дека Молдовагаз го започнува процесот на „исклучување од гасоводната мрежа на оние потрошувачи кои имаат долгови“ со цел да го заштити молдавскиот систем за снабдување со гас и да спречи понатамошен раст на долговите, но не навлегува во детали.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.