Додека поголемиот дел од мажите прашуваат која е должината на пенисот која е „идеална“ и како да се зголеми, ретко кому му минува низ главата можноста дека пенисот може да се намали, што е возможно.
Статистиката вели дека должината на просечен пенис во ерекција изнесува 14,7 сантиметри, а се под оваа бројка се нарекува микропенис.
Меѓутоа, оваа бројка може да се намали за дури 2,5 сантиметри од повеќе причини. На некои од нив е невозможно да се влијае, а на одредени можете самите.
Пушење
Ако барате мотивација конечно да ги оставите цигарите, еве ја. Одредени токсини кои се наоѓаат во цигарите ги уништуваат крвните садови во пенисот, што не само што го намалува истиот, туку ќе имате проблеми и со ерекцијата.
Лекови
Одредени лекови, а особено оние наменети за отстранување на проблеми со простата можат да доведат до намалување на пенисот, а истото важи и за одредени антидепресиви и антипсихотици.
Стареење
Тука нема лек. Како минува времето, така пеност и тестисите се намалуваат.
Операција на простата
Околу 70 отсто од мажите кои поради тумор ја отстраниле простатата, доживеале пенисите да им се намалат, а лекарите и натаму немаат објаснување за овој феномен.
Пејрониева болест
Кај оваа состоба, пенисот при ерекција се превиткува, па самата ерекција боли, поради што крвните садови притискаат, а пенисот се намалува. Оваа болест може да биде предизвикана при повреда на пенисот, но и генетски, а постојат и фактори на ризик кои допринесуваат за истата.
Меѓу нив се пушење, гојазност, зголемен крвен притисок, долготрајна еректилна дисфункција, промени на маснотиите во крвта и пореметување на однесувањето.