Приборот за јадење направен специјално за нацистичкиот лидер Адолф Хитлер по повод неговиот 50. роденден, продаден е на аукција за 12.500 фунти, односно 14.220 евра.
Приборот е пронајден за време на чистењето на една куќа во Дорсет, Англија, а припаѓал на висок воен службеник. Два ножа, три лажици и три вилушки направени специјално за Хитлер за да може да ги користи во специјални прилики.
АРИЕВСКА РАСА: Децата од тајниот проект на Хитлер се уште се живи
Се очекувало приборот да биде продаден за 2.300 фунти, но колекционерите биле свесни дека се работи за „големо дело од историјата“ па највисоката понуда изнесувала 12.500 фунти.