Претседателот Пендаровски во Куманово се сретна со актерите од претставата „Бегалка“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ денеска во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово се сретна со актерите Љубица Гојковиќ, Ѓорѓи Антов и Илија Струмениковски, кои во 1971 година беа дел од актерската постава на култната претстава „Бегалка“ на Васил Иљоски.

 

 

Повод за средбата е 95-годишнината од премиерната изведба на претставата која била одиграна во далечната 1928 година под името „Ленче Кумановче“, како драмско дело во 5 чина каде до израз доаѓаат тенденциите на Иљоски да ја прикаже посебноста и колоритноста на македонскиот јазик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец останал без 18.000 евра при измама за купување градежни машини

 

 

Тројцата актери ги споделија со претседателот Пендаровски своите сеќавања од пред половина век кога тие ја изведувале оваа претстава во кумановскиот театар, со нивните актерски патешествија низ времето и го запознаа со најблескавите моменти од богатите актерски кариери.

 

 

Претседателот Пендаровски, изразувајќи признание и почит за импресивниот животопис и повеќедеценискиот придонес на тројцата актери во театарската и филмската уметност, рече дека со нивната автентична изведба на ликовите на Ленче, Бошко и Петко во „Бегалка“ трајно се вградија во историјата на македонскиот театар и култура.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Не може креаторите на сите проблеми во Куманово сега да бидат негови спасувачи

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Интегрално соопштение