Претседателот на Сеута ѝ постави ултиматум до Владата на Шпанија: Имате 30 дена да ја решите кризата!

Сподели со своите пријатели

Претседателот на шпанската ексклава Сеута, Хуан Вивас, ѝ дал на Владата на Шпанија 30 дена да ја реши мигрантската криза, заканувајќи се дека во спротивно ќе се обрати до судовите и другите надлежни државни институции, објавија шпанските медиуми денеска, 17 август.

„Владата на Шпанија во првите денови од август се обиде да ја разубави реалноста тврдејќи дека ја вратила нормалноста. Тогаш имаше речиси целосна пасивност во преземањето мерки за постигнување на нормалност“, рече Вивас на прес-конференција по вонредната седница на владата, според весникот „Паис“.

Тој оцени дека можна причина за неактивноста на шпанската влада би можела да биде намерата „да не се вознемирува соседот за да се зачуваат квази добрите односи“ и дека поради тоа не се однесуваат со потребната решителност и сила, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трагедија на автопат во Италија: Родители возеле 100 км, не знаеле дека нивниот син починал во возилото

„Се надевам дека тоа не е причината, но зборувам од срце. Мојата намера е да ја пренесам ситуацијата до претседателот на Врховниот суд и до претседателот на Уставниот суд доколку сакаат да ме примат. Сеута живее во вонредна состојба“, рече Вивас и додаде дека и дава на владата „30 дена да промени сè“.

Вивас тврди дека, по инвазијата на мигрантите во Сеута, владата се обидела да ја разубави реалноста тврдејќи дека во рок од 48 часа е вратена нормалноста и дека само 2.500 од 80.000 мигранти кои влегле во градот останале.

Вивас проценува дека меѓу 8.000 и 10.000 мигранти сè уште живеат во Сеута.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Москва: Западот подготвува лажни видеа за руско оружје во рацете на латиноамериканските картели