Претседателот на Австрија прежива потрес на мозокот

Loading...
Сподели со своите пријатели

Претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен, доживеал помал потрес на мозокот при прошетка во паркот на природата, објавено е на официјалниот профил на претседателот на Твитер.

Тој се лизнал вчера попладне во австрискиот планински природен парк Каунеграт и се здобил со полесен потрес на мозокот и гребаници.

Неговото обезбедување од специјалната полициска единица Кобра го однело во најблиската болница.

Ван дер Белен превентивно ја минал ноќта во болница, следејќи ги советите на лекарот и го откажа учеството на Европскиот форум Алпбах за денеска и утре.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  20 тела пронајдени во опасен регион на Мексико. Четири обезглавени.