Тајванската претседателка Цаи Инг-вен изјави денеска по состанокот со членовите на американскиот Конгрес кои во моментов се во петдневна посета на Тајван дека Тајпеј ќе ја зајакне воената соработка со САД и другите пријателски земји за да го запре „ширењето на авторитаризмот.
„Тајван уште поактивно ќе соработува со САД и другите демократски партнери во борбата против глобалните предизвици како што се ширењето на авторитаризмот и климатските промени“, рече Цаи Инг-вен, пренесува Ројтерс.
Конгресменот Ро Кана, кој ја предводи американската делегација, рече дека САД сакаат да ги зајакнат безбедносните и економските врски со Тајван.
Кан особено ја истакна важноста на средбата со основачот на тајванската компанија за производство на полупроводници (TSMC) Морис Чанг.
TSMC е најголемиот производител на чипови во светот.
Највисокиот функционер на американското Министерство за одбрана задолжен за односите со Кина, Мајкл Чејс, го посети Тајван во петокот, изјавија претходно два извори запознаени со ова прашање.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.