Претседателите на Кина и Куба ветија взаемна поддршка на двете земји

Сподели со своите пријатели

Претседателите на Кина и Куба, Си Џинпинг и Мигел Дијаз-Канел денеска на разговори во Пекинг ветија взаемна поддршка во однос на клучните интереси на двете земји.

Loading...

Си рече дека Кина се надева дека ќе ја зајакне соработката со Куба на меѓународно и регионално ниво, пренесе АП.

„Кина и Куба ќе одат заедно на патот на градење социјализам со свои специфичности“, рече Кси, а објави кинеската влада.

Дијаз-Канел рече дека неговата посета на Пекинг покажува дека Куба придава големо значење и внимание на пријателските односи меѓу двете земји.

Куба високо го цени практичниот и теоретскиот придонес на кинескиот претседател, рече Дијаз-Канел.

Кина е втор најголем трговски партнер на Куба, по клучниот производител на нафта – Колумбија.

Дијаз-Канел дојде во посета на Кина по официјалната посета на Москва.

Кина генерално ги дефинира своите суштински интереси како одбрана на нејзините економски и политички развојни цели и контрола врз територијата за која тврди, особено над самоуправниот Тајван, потсетува американската агенција.

Loading...