Претседателите на Франција и Бразил започнаа зелена инвестициска програма за Амазон

Сподели со своите пријатели

Претседателите на Франција и Бразил, Емануел Макрон и Луис Инасио Лула да Силва објавија дека започнуваат програма со цел да се соберат една милијарда евра зелени инвестиции за бразилскиот и гвајскиот дел на Амазон, објави француското претседателство.

Loading...

Таа најава, објавена на самиот почеток на државната посета на Макрон на Бразил, е дел од меѓународната мапа на патот што двајцата шефови на држави имаат намера да ја промовираат пред Конференцијата на Обединетите нации за климата (COP30).

Собирот ќе се одржи во 2025 година во Белем, во северниот дел на Бразил.

Амазонската прашума зафаќа околу 5,5 милиони квадратни километри. Се наоѓа на територијата на девет земји: Бразил (60 отсто од прашумите), Колумбија, Перу, Венецуела, Еквадор, Боливија, Гвајана, Суринам и Француска Гвајана.