Султанот Ахмед Ал Џабер е назначен за претседател на овогодинешниот самит на ОН за климатски промени COP28, кој ќе се одржи во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби.
Назначувањето предизвика контроверзии бидејќи Ал Џабер во моментов е извршен директор на Националната нафтена компанија Абу Даби, една од најголемите светски нафтени компании, како и министер за индустрија и напредна технологија на земјата домаќин на самитот, ОАЕ.
Активистите кои се борат против климатските промени сметаат дека тоа е конфликт на интереси, јавува Би-Би-Си.
„Тој не може да претседава со самит чија задача е да понуди решение за климатската криза и во исто време да ја претставува индустријата одговорна за таа криза. Тоа е конфликт на интереси. Императив е светот да биде убеден дека тој ќе се повлече од функцијата извршен директор на Националната нафтена компанија“, изјави Тасним Есоп од антиклиматската организација Глобална климатска акција.
Активистите велат дека некој во нафтената индустрија нема да се мачи да ги принудува земјите брзо да го намалат производството и употребата на фосилни горива, за што научниците веруваат дека е клучно за да се избегнат големи климатски промени, пренесува британскиот јавен сервис.
Поранешниот секретар на ОН за климатски промени Иво де Бур го поздрави назначувањето на султанот Ахмед Ал Џабер на позицијата претседател на COP28.
„ОАЕ усвоија стратегија за здрав зелен раст и се главен инвеститор во обновливите извори на енергија во земјата и во странство“, рече Де Бур и додаде дека функцијата претседател на самитот е клучна за многу климатски прашања.