Претрес во липковско, пронајдено оружје

Сподели со своите пријатели

Ловечка пушка и муниција биле пронајдени при претрес во липковското село Лојане во текот на изимнатиот викенд.

Loading...

– Денеска (18.11.2023) полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Н.(53) од село Лојане, липковско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени една ловечка пушка и 50 куршуми без соодветна дозвола и потребна документација.

Г.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец крадел од паркирано возило

Никола Ивановски